Кими во свој стил: Ако се пензионирам, гајле ми е кој ќе вози на мое место

Кими во свој стил: Ако се пензионирам, гајле ми е кој ќе вози на мое место

пред 3 години

Еден од ветераните во Формула 1 секако е Кими Раиконен, кој со своите 41 година е најискусниот возач во спортот, но Финецот во свој стил не е многу загрижен дали следната година Алфа Ромео ќе го заддржи уште една сезона или ќе го смени со Мик Шумахер, синот на легендарниот седумкратен шампион.

„Ако решам да сопрам, навистина не ми е грижа кој ќе биде во болидот. Тоа веќе нема да биде мој проблем. Да бидам искрен уште не знам, но така беше и лани. Во секој случај, не се грижам за да го продолжам рекордот. Сите рекорди се рушат, така што не сум заинтересиран“, изјави кратко Раиконен.

Раиконен ја вози својата 19. сезона во Формула 1, која не е една од најдобрите – има освоено само два поени. Сепак, тој не се чувствува стар бидејќи сега се трка против синовите на Јос Ферстапен и Михаел Шумахер, додека во младоста се тркаше со татковците.

„Не, воопшто. Да, некогаш се чувствувам стар кога ќе станам наутро, но во болидот работите се исти“, додава Финецот.

Share
Scroll to Top