Кинезите доживотно суспендираа 43 лица поради корупција

Кинезите доживотно суспендираа 43 лица поради корупција

пред 3 месеци

Фудбалскиот сојуз на Кина им изрече доживотна забрана на 43 лица поради наводи за местење натпревари и други облици на корупција.

Шефот на полицијата Џанг Ксијаопенг на прес-конференција изјави дека двегодишната истрага открила серија случаи на обложување, местење натпревари и поткуп.

Новинската агенција Ксинхуа објави дека истрагата опфатила 120 натпревари од кинеската лига, 128 осомничени за криминал и 41 клуб. Од суспендираните, 38 се фудбалери, петмина се клупски функционери.

Меѓу доживотно суспендираните фудбалери се Џин Џингдао, Дуо Тијанју и Гу Чао.

Останатите фудбалери добија пократки суспензии, вклучувајќи и странски фудбалери кои дојдоа во Кина откако им беа ветени големи плати. Јужнокорејскиот фудбалер Сон Јун-хо, кој играше за Шандонг Таишан, доби суспензија од пет години.

„Неговите активности „сериозно ја нарушија спортската етика и спортскиот дух, што предизвика негативно влијание врз општеството“, се вели во соопштението.

Кинескиот претседател Си Џинпинг имаше намера да го зајакне кинескиот фудбал со инвестирање во нови полиња, експерти и инфраструктура, но тие планови пропаднаа поради економските тешкотии предизвикани од пандемијата на корона вирусот.

Кинеската машка фудбалска репрезентација не бележи добри резултати, а минатата недела загуби со 7:0 од Јапонија во третото коло од азиските квалификации за СП 2026 година.

Кина се уште има шанси да се пласира на Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Кина во моментов е 87. репрезентација во светот.

Share
Scroll to Top