Кире Лазаров е нов селектор на машката ракометна репрезентација

Кире Лазаров е нов селектор на машката ракометна репрезентација

пред 4 години

Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров во нова мисија – тој е новиот селектор на машката ракометна репрезентација.

Лазаров, кој се уште е активен ракометар и анстапува за француски Нант доаѓа на местото на Данило Брестовац кој доби отказ по Мундијалот кој минатиот месец се одржа во Египет.

Неговото деби на селекторската позиција се очекува да е на мечот со светскиот шампион Данска на 11. идниот месец во Скопје, во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство.

Лазаров ќе е 21. селектор на Македонија.

Според договорот на Лазаров со РФМ, тој најпрво ќе потпише договор на една сезона, а откако ќе ја добие тренерската лиценца договорот да му биде продолжен на уште 4 години.

Share
Scroll to Top