Ракометната репрезентација на Македонија, со убедлива победа од 33:24 над Финска, ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство. Националниот тим на теренот го предводеше капитенот Кирил Лазаров кој постигна 11 голови.
Еден од головите на 40-годишниот Лазаров ги импресионираше и луѓето од ЕХФ.
„Жива легенда“, е насловот на видеото во кое ЕХФ го постави „проектилот“ на македонскиот капитен.
Living legend Lazarov@LazarovKiril7, as always, does the business for #NorthMacedonia tonight in their #ehfeuro2022 Qualifier against @finnhandball.#watchgamesseemore pic.twitter.com/WTPAWxKtfG
— EHF EURO (@EHFEURO) November 4, 2020