Без посебни залагања во нападот Велс израмни на 1-1 против Швајцарија во натпреварот од А групата што се игра во азербејџански Баку.
Се играше 75 минута кога Конор Робертс нафрли од десната страна, а корпулентниот Кифер Мур со одличен удар ја смести топката во десниот агол од голот на Сомер.
Се чини тактиката на селекторот на Велшаните, Пејџ без замени на првиот состав се исплатеше.
Казната на Швајцарците за нереализираните прилики, пред се на Емболо за зголемување на водството дојдоа на типичен „британски стил“ – со гол со глава.