Завршниот турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија ќе се одржи во Битола. Турнирот на кој ќе учествуваат осум екипи ќе се одигра во периодот од 15. до 17. февруари, во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Место во завршницата на ова натпреварување, обезбедија екипите на: МЗТ Скопје Аеродром, Еуро Никел 2005, Пелистер, Чаир 2030, Работнички, ТФТ Моцарт, Феникс 2010 и Гостивар.
Согласно со пласманот на екипите по првиот круг од регуларниот дел од сезоната (11. одиграни кола) во четвртфиналето ќе се сретнат:
(1) МЗТ Скопје Аеродром – (8) Гостивар
(2) Пелистер – (7) Феникс 2010
(3) Еуро Никел 2005 – (6) Чаир 2030
(4) Работнички – (5) ТФТ Моцарт
Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција.
Терминот и местото на одигрување на завршницата на Купот ќе бидат дополнително објавени.