„Клавајте голови“ на дански начин – „револуција“ во историјата на фудбалската тактика

„Клавајте голови“ на дански начин – „револуција“ во историјата на фудбалската тактика

пред 3 години

Тренерот на данскиот фудбалски клуб Брондби, Нилс Фредериксен стана хит на социјалните мрежи откако за време на мечот со ривалите за данската титула Митјиланд стоеше со табла на која пишуваше „Продолжете да напаѓате“, бидејќи играчите не го слушале од бучавата од околу 8.000 фанови на трибините.

Ова, секако, потсетува на легендарната ситуација во македонската ракометна репрезентација, кога тогашниот селектор Звонко Шундовски, кој даде исто толку „уникатен“ совет: „Клавајте голови“.

Секако, ова беше пречекано со низа досетливи коментари на сметка на 50-годишниот тренер, посебно на социјалните мрежи. Еден од фановите им советуваше: „Шутнете ја топката многу силно кон голот“, додека другиот објасни дека ова е ситуација како „кога губиш 1:0 на Фудбал Менаџер“, а тука беше и коментарот: „Еден од најголемите моменти во историјата на фудбалската тактика“.

Колку и да е голем „сеирот“, тактиката очигледно успеа – Брондби стигна до 3:1 победа и се доближи на само еден поен зад Митјиланд во плејофот во Данската лига.



Share
Scroll to Top