Класата е вечна! Санти Казорла со фантастична „паненка“ во Катар

Класата е вечна! Санти Казорла со фантастична „паненка“ во Катар

пред 4 години

Санти Казорла е вистински пример за фудбалски „феникс“, човек кому му се закануваше ампутација на стапалото, но кој се врати на фудбалот и сега го проживува својот втор фудбалски живот во катарскиот клуб Ал-Сад, каде што е тренер неговиот поранешен соиграч од шпанската репрезентација, Чави Ернандез.

Казорла во 65. минута од мечот со Ал-Харафа (0:2), постигна фантастичен гол од пенал со „паненка“, измамувајќи го голманот. Ова е дури 12-ти гол за Казорла за Ал-Сад.

Ал-Харафа, пак, е тим во кој тренер е Славиша Јокановиќ, поранешниот тренер на Фулам и Вотфорд, но ова е нивни трет пораз во низа.

Share
Scroll to Top