Клоп без Салах ќе ја почне идната сезона – Мо ќе игра на ОИ

Клоп без Салах ќе ја почне идната сезона – Мо ќе игра на ОИ

пред 3 години

Ливерпул би можел наредната сезона во Премиерлигата да ја започне ослабен доколку Фудбалскиот сојуз на Египет реши на Олимписките игри во Токио да ја води и првата ѕвезда во селекцијата, напаѓачот на Ливерпул – Мохамед Салах.

Опасноста за „црвените“ е реална затоа што Олимпијадата ќе се одржи од 23 јули до 8 август.

Селекторот на Египет, Шавки Гариб го смести Салах во списокот за Токио, а на него има уште 9 играчи постари од 23 години.

„Реков јавно дека сакам да го имаме во тимот на олимпискиот турнир и тој тоа не го одби, што значи дека сака да игра за нас. Учеството на Салах на игрите е поддржано од страна на државата, министерството за спорт и Фудбалскиот сојуз на Египет, тоа е наш заеднички напор и цел да стигнеме до прв олимписки медал“ изјави Гариб.

Сепак, такво нешто ќе е можно по договор со Управата на Ливерпул каде стравуваат Салах да не се префорсира пред почетокот на новата фудбалска сезона.

Желбата на „црвените“ е веќе во наредната сезона која започнува на 14 август да ја вратат титулата на „Енфилд“.

Инаку, Салах има 69 настапи за Египет, постигна 43 гола, додека за Ливерпул настапи на 192 натпревари, а стрелеш беше на 119 гола.

Сезонава има ефект од 25 погодоци.

Share
Scroll to Top