Клоп во одбрана на Салах: Кога ќе те клоцнат, ќе паднеш!

Клоп во одбрана на Салах: Кога ќе те клоцнат, ќе паднеш!

пред 3 години

Јирген Клоп повторно застана во одбрана на Мохамед Салах, откако египетскиот напаѓач беше критикуван за неговото „театрално“ паѓање и изнудување на пенал против Вест хем при 2:1 победата на „црвените“.

Ова не беше првпат Салах да е обвинет за прелесно паѓање кога тоа му одговара, но Клоп вели дека ситуацијата е многу јасна и дека има модринки да го докажат контактот.

„Не знам што им треба на луѓето? Што да кажам? Беше фаул и тоа им е јасно на сите кои ја видоа снимката. Верувале или не, вчера зборував со Мо и тој има точно три модринки, од кои една е од ситуацијата за пенал. Кога ќе те клоцнат, или паѓаш или не, понекогаш судијата суди пенал. А, ние сега, три дена подоцна уште зборуваме за пенал во кој имаше јасен контакт. Не ги разбирам критиките“, вели Клоп.

Мојс: Зошто му се дозволува на Салах да го повторува ова?

Share
Scroll to Top