Клоп ги губи нервите: Дали си ти новинар или скокна тука?

Клоп ги губи нервите: Дали си ти новинар или скокна тука?

пред 3 години

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп влезе во вербална војна со новинарите вторпат оваа недела, откако пред гостувањето кај Ајакс во Лигата на шампионите, се потсмеваше со прашањето на еден од новинарите за своите шанси за победа во овој меч.

Неколку дена откако на новинарите им кажа дека не се сериозни кога го прашуваат за судиите, Клоп очигледно не беше воодушевен од прашањето на еден холандски новинар за шансите за победа на „Јохан Кројф арената“ по повредите на Вирџил ван Дајк и Тијаго Алкантара во саботното дерби со Евертон.

„Добровечер, Клоп. Ќе ви недостасува креативноста и точните додавања на Тијаго во средината на теренот и силата и воздушната закана на најдобриот централен бек на светот. Против брз и компактен тим како Ајакс, дали имате шанси без Тијаго и Вирџил“, праша новинарот.

Клоп се потпре на столицата и со резигнација изјави: „Не“.

„О Боже. Сепак, ќе се обидеме. Не сум сигурен… Дали си ти воопшто новинар?“, изјави саркастично Клоп.

Ова не е првпат Клоп оваа сезона да влегува во конфликт со новинарите, откако претходно им советуваше да „пишуваат приказна“ за ФИФА, а влезе и во незгоден конфликт со легендата на Манчестер јунајтед, Рој Кин, кој ја нарече играта на Ливерпул при 3:1 победата над Арсенал „нестабилна“.

Share
Scroll to Top