Клоп: Луѓето не гледаат доволно фудбал, да гледаа ќе знаеја дека Ориги е сензационален играч

Клоп: Луѓето не гледаат доволно фудбал, да гледаа ќе знаеја дека Ориги е сензационален играч

пред 3 години

Ливерпул, со пресврт, успеа да го совлада Милан и да стартува со победа во Лигата на шампионите.

Ливерпул имаа предност 1:0, не реализираа пенал, по што Милан направи пресврт до крајот на првото полувреме. Во вториот дел со два гола Ливерпул успеа да победи.

Јирген Клоп изненади со составот на овој меч, од почетокот нападот го предводеше Дивок Ориги, играч кој летово беше на трансфер-листата.

Белгиецот, одигра одличен меч, поради грчеви беше заменет во 63.минута. Ова беше прв натпревар за Ориги оваа сезона и прв старт за него уште од јануари.

Клоп бил воодушевен од изведбата на напаѓачот, бил зачуден зошто клубот не фдобил ниту една понуда за него.

„Луѓето забораваат колку е добар играч Тешко е да се влезе во првиот тим. Сите мислевме дека во летниот преоден рок ќе добиеме вистинска понуда за него, очигледно луѓето не гледаат доволно фудбал. Тој е сензационален напаѓач, одлична личност, еден ден кога ќе замине од клубот, ќе замине како легенда“.

Ориги со Ливерпул ги освоил трофеите во Лигата на шампионите, Премиер лигата, Суперкупот на УЕФА и Светското првенство за клубови.

Share
Scroll to Top