Клоп му се налутил на Саутгејт: Го повика Трент, а не го пушти да игра

Клоп му се налутил на Саутгејт: Го повика Трент, а не го пушти да игра

пред 4 години

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во пресрет на дуелот со Арсенал, рекол дека клубовите би требало да им забранат на некои играчи да се појават на репрезентативните акции.

Изјавата на Коп е поттикната од одлуаката на англискиот селектор, Герет Саутгејт, да не го стави во игра Трент Александер-Арнолд.

Англија, во квалификациите за пласман на СП во Катар, играше против Албанија, Сан Марино и Полска, интересно Трент не беше во составот на Англија на ниту еден од овие натпревари.

„Апсолутно го респектирам Герет поради неговите одлуки. Сепак не можам да разберам зошто Трент не играше. Тој беше стандарден во репрезентацијата, а не доби од селекторот ниту една минута. Не ми е јасно зошто го повика кога не ги користеше неговите услуги. Да останеше во клубот ќе се одмореше од исклучително напорната сезона. Со репрезентацијата само беспотребно патуваше“, рекол Клоп.

Share
Scroll to Top