Клоп: Не играме како шампиони

Клоп: Не играме како шампиони

пред 3 години

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, свесен е за кризата која владее во неговиот тим. Истакнал дека играчите мора да бидат многу подобри доколку сакаат да останат при врвот на табелата.

Ливерпул, синоќа, доживеаја неочекуван пораз од Брајтон (0:1) во 22.рунда, во Премиер лигата. Ливерпул ги загуби последните два натпревари на „Енфилд“.

По поразот од Брајтон, Ливерпул, на табелата се на четвртото место со 40 поени, седум помалку од лидерот Манчестер сити.

„Минатата сезона бевме шампиони, секако дека сакам да ја одбраниме титулата. За да го направиме тоа потребно е да победуваме, треба да играме на шампионско ниво, а ние не играме така“, рекол Клоп.

Можност да го поправет впечатокот „црвените“ ќе имаат во недела, против Манчестер сити.

„Ќе се бориме за трите бода, но мораме да бидеме многу подобри. Ова досега не беше доволно, тоа и можевме да го видиме. Мораме да смениме нешто. Ќе се обидеме да ја надоместиме разликата“, заклучил Германецот.

Share
Scroll to Top