Клоп: Не треба да „летаме“ по победата над Арсенал

Клоп: Не треба да „летаме“ по победата над Арсенал

пред 3 години

Јирген Клоп беше задоволен што Ливерпул стигна до убедлива 3:0 победа на гости кај Арсенал, но дека тоа не значи дека тимот треба да „лета“ пред четврт-финалето од ЛШ против Реал Мадрид и трката со Челси и Лестер за топ 4 пласман.

По саботата, Ливерпул и математички не можат да ја одбранат титулата, но сега се на само два поени од Челси по нивната катастрофа против Вест Бромвич Албион.

„Беше добро, и нашиот тим изгледаше како што треба. Многу сум задоволен од перформансите, бидејќи сега ни требаат по три поени и резултати. Трент Александер-Арнолд ја покажа својата класа и покажа дека заслужува да биде во репрезентацијата, но тоа е одлука на селекторот Саутгејт. Во моментов не гледаме на Челси, Вест хем или Лестер, бидејќи треба да победиме во нашите натпревари. Не играме со Челси, ниту со Лестер. Затоа не треба да сонуваме, туку треба да продолжиме да работиме“, вели Клоп.

Share
Scroll to Top