Jирген Клоп признава дека разговарал со голманот Алисон Бекер по неговите грешки во дербито со Манчестер сити, кое „црвените“ дома го загубија со 1:4, но менаџерот застана во одбрана на бразилскиот голман, велејќи дека ја има неговата целосна доверба.
28-годишниот Алисон двапати во четири минути ја „подари“ топката на Сити, примајќи два непотребни голови во меч со кој шансите за одбрана на титулата станаа драстично помали.
„Секако, малку поразговаравме. Не знам дали беше за охрабрување или за поддршка. Тој не беше среќен од тоа што се случи, секако, но важно е да се даде поддршка на голманите, кои понекогаш прават грешки. За голман од негов квалитет, грешките се ретки и кога ќе направи две во еден натпревар, веднаш се зголемуваат. Немаше критики кон него од наша страна, ниту од играчите, бидејќи сите знаат колку е добар и дека има следен меч многу бргу“, вели Клоп.