Клоп: Пласман во ЛШ? Тоа би било големо достигнување

Клоп: Пласман во ЛШ? Тоа би било големо достигнување

пред 3 години

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, истакнал дека евентуалниот пласман на неговиот тим во Лигата на шампионите би било едно од најголемите достигнувања во неговата кариера.

Ливерпул, во пресрет на последните две кола во Премиер лигата, се наоѓа на петтото место, со поен помалку од Челси и три од Лестер.

„Кога би обезбедиле место во Лигата на шампионите, тоа би било големо достигнување, едно од најголемите во мојата кариера. Занм како ви звучи ова, но навистина тоа го мислам“, рекол Клоп.

Германецот рекол дека е задоволен што и покрај сите проблеми со кои се сочуваше, неговиот тим се уште има шанси да се пласира во Лигата на шампионите.

„Ако сакате да напишете книга за една сезоната и потоа да бидете депресивни, тога треба да ја одберете оваа сезона. Поголем дел од работите никогаш нема да излезат во јавноста, но се соочивме со големи проблеми. Меѓутоа тука сме. Што е да се случи, судбината ја имамем во нашите раце“.

Ливерпул, наредниот натпревар. ќе го одигра против Барнли, во среда од 21.15 часот.

Share
Scroll to Top