Клупско СП: Ал Ахли на пенали подобар од Палмеирас во Катар

Клупско СП: Ал Ахли на пенали подобар од Палмеирас во Катар

пред 3 години

Египетски Ал Ахли заврши на третата позиција на клупското Светско првенство што вечерва ќе се затвори во Катар. Ал Ахли на пенали со 3-2 беше подобар од бразилски Палмеирас откако во регуларните 90 минути мечот заврши 0:0.

Иако на мечот имаше статус на аутсајдер, египетскиот тим во текот на целиот меч имаше доминација. Палмеирас играше толку слабо што во второто полувреме воопшто не ни шутнаа кон противничкиот гол.

Единственото големо возбудување на мечот беше во 68 минута кога Аджаи постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд.

Во првите 3 пенал серии имаше по две промашување на двете страни и по еден погодок.

Последниот пенал за Палмеирас го промаши искусниот Фелипе Мело, во петтата серија.

Во финалето на клупското Светско првенство, со почеток од 19 часот ќе се состанат Баерн Минхен и мексикански Тигрес.

Share
Scroll to Top