Коларов ја засилува Црвена Звезда

Коларов ја засилува Црвена Звезда

пред 3 години

Фудбалерот на милански Интер, поранешниот српски репрезентативен капитен – Александар Коларов ќе се појави на почетокот на подготовките на шампионот на Србија, Црвена Звезда, за сезоната 2021/2022.

Српските медиуми информираат дека се споменува дека дефанзивецот кој е мајстор за слободни удари ќе потпише двегодишен договор вреден 600.000 евра по сезона. Неколкупати порано „црвено-белите“ се обидувале Коларов да го доведат на „Рајко Митиќ“, но по се изгледа сега „се поклопиле коцките“.

Нема да биде изненадување доколку Коларов кариерата ја заврши токму во Белград.

Пред Интер, Коларов во кариерата настапуваше за Рома, Манчестер Сити, Лацио и ОФК Београд.
Коларов доаѓа во новиот клуб како слободен играч, му истече договорот со „Нероазурите“ каде сезонава настапи само на 7 меча.

Share
Scroll to Top