Додека европските репрезентации интернационалната пауза ја „трошат“ на последните две кола од Лигата на нации, јужноамериканските селекции играат пријателски мечеви.
Бразил, несомнено еден од најголемите фаворити за титулата во Катар оваа зима, започнаа со убедлива 3:0 победа над Гана во Ле Авр, Франција, во режија на новата ѕвезда на Тотенхем, Ришарлисон и ѕвездата на ПСЖ, Нејмар.
Маркињос го отвори резултатот во 9. минута по асистенција на Рафиња, по што се виде како функционира двојката Нејмар-Ришарлисон до крајот на полувремето – Нејмар двапати му асистираше на соирачот во 28. и 40. минута за сигурна победа.
Толку среќа немаа Уругвај, кои не само што загубија со 0:1 од Иран со голот на Тареми, туку го загубија и Роналд Араухо поради повреда по само 5 минути игра. Парагвај стигна до 1:0 победа над Обединетите Арапски Емирати, додека Еквадор одиграа реми без голови против Саудиска Арабија.
ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ
Бразил – Гана 3:0
Парагвај – Обединети Арапски Емирати 1:0
Уругвај – Иран 0:1
Канада – Катар 2:0
Египет – Нигер 3:0
Саудиска Арабија – Еквадор 0:0
Мароко – Чиле