Конор Мекгрегор е најплатениот светски спортист во изминатата година. Според магазинот „Форбс“, во периодот од 1.мај 2020 до 1.мај 2021 година, од спонзорските договори и некои други работи, Мекгрегор инкасирал 180 милиони долари.
Преку 100 милиони долари, во наведениот период, заработиле уште мега ѕвездите Лиоенл Меси и Кристијано Роналдо, односно Дак Перскот, играчот на Далас Каубојс, во НФЛ лигата.