УФЦ мегаѕвездата Конор Мекгрегор му посака на својот поранешен лут ривал Хабиб Нурмагомедов среќно заминување во пензија со фантастичен коментар, порачувајќи му да не заборави кој го направи ѕвезда.
„Ноториус“ сакаше да каже дека тој е одговорен што светот го запозна Хабиб по нивното брутално ривалство, но и да го критикува за честото негодување за постигнувањето на посакуваната тежина.
„Среќна пензија, дете, ќе се мирисаме подоцна. Никогаш не заборавај кој дојде во играта и те направи. Директно од моите големи ирски јајца. Не заборавајте луѓе, ако мразите да држите диета за да сте на одреден број килограми, одете категорија погоре“, напиша Мекгрегор.
View this post on Instagram