Конте: Ако Џеко е несреќен во Рома, може да преговараме!

Конте: Ако Џеко е несреќен во Рома, може да преговараме!

пред 3 години

Изненадувачки, репрезентативецот на БиХ, Един Џеко стана актуелен во јануарскиот преоден рок. Тој е на излезна врата во Рома по кавгата со тренерот Паоло Фонсека.

Управата на клубот застанала зад тренерот, а голгетерот го пречкртала.

Деновиве актуелни се информациите во италијанските медиуми за можна размена меѓу Интер и Рома, Џеко да се пресели кај „нероазурите“, а Алексис Санчез да отиде кај „волчицата“. Свој коментар за таа ситуација денеска на прес-конференција имаше тренерот на Интер, Антонио Конте.

„Нема да зборувам за доаѓање на Џеко во Интер затоа што тој сега е играч на Рома. Ако е некој играч несреќен, подготвени сме за преговори. Не барам негово доаѓање, тоа останува на клубот. Санчез е наш играч, сакам да биде фокусиран на следниот меч. Го почитувам Един, Рома и нашите играчи. Ако има некој кој е незадоволен и сака да си оди, тогаш добро. Ако постојат економски услови за размена, тоа е добро. Во спротивно, не внесуваме нестабилност во екипата“ – изјави Конте.

Инаку, „Sky Sports Italia“ тврди дека денес е денот за одлука за тоа дали Џеко ќе се пресели во Милано.

Share
Scroll to Top