Конте: Бев блиску до Реал, но сега мислам само на Интер

Конте: Бев блиску до Реал, но сега мислам само на Интер

пред 3 години

Пред големата пресметка во Лигата на шампионите, тренерот на Интер, Антонио Конте призна дека во минатото бил блиску до клупата на Реал Мадрид, но дека сега е пресреќен кај „нераѕурите“.

Мадрид го пречекува Интер во важен меч за двата тима во Лигата на шампионите утре и Конте откри детали за блиските средби во минатото.

„Сигурно имаше неколку моменти во кои бев блиску до клупата на Реал Мадрид. Меѓутоа, сезоната беше веќе почната и ќе беше тешко да ги преземам, и на искрен начин решив да ги одбијам. Сега сум навистина фокусиран на Интер, почнавме проект кој е многу силен и среќен сум. Креираме нешто важно“, вели Конте.

„Нераѕурите“ имаат само 2 поени по првите два меча, додека Мадрид има само еден и затоа мечот носи и резултатски притисок.

„Реал Мадрид секогаш се силни, бидејќи се градени за да го освојуваат ова натпреварување. Имаат фудбалери кои го освоиле купот повеќе пати и мораме да бидеме подготвени да страдаме на теренот. Не смееме да бидеме во позиција како боксер кој се брани од нокаут во својот агол“, додава Конте.

Share
Scroll to Top