Конте го сака Максимовиќ во Интер, Рома ги крши плановите

Конте го сака Максимовиќ во Интер, Рома ги крши плановите

пред 4 години

Српскиот дефанзивец Никола Максимовиќ иако не е во плановите на српскиот селектор Драган Стојковиќ, сепак се уште е на цена во Италија.

Играчот кој сезонава ги брани боите на Наполи речиси сигурно во летниот преоден рок ќе го напушти Неапол, а интерес за него покажуваат Интер и Рома.

Како што пренесува „Калчомеркато“ и во двата табори се следат игрите на Србинот, а посебно е интересен затоа што неговиот договор истекува на 30 јуни, па може да го доведат како слободен играч.

Антонио Конте сака Максимовиќ да го види во својот тим, но информациите се дека спортскиот директор на „волчицата“, Тиаго Пинто веќе имал средба со агентот на фудбалерот, па не е невозможно Максимовиќ да ја продолжи кариерата на „Олимпико“.

Share
Scroll to Top