Конте пак „избега“ од италијанските новинари

Конте пак „избега“ од италијанските новинари

пред 3 години

Интер ја откажаа прес-конференцијата на Антонио Конте пред мечот во среда против Рома, со што тренерот уште не се појавил на прес-конференција откако „нераѕурите“ ја освоија титулата од Серија А пред две недели.

Оваа вест доаѓа откако претседателот на клубот Стивен Жанг побарал од фудбалерите да се откажат од две месечни плати да помогнат за подобрување на финансиската состојба на клубот – со тоа би се заштедиле над 25 милиони евра.

Конте претходно ја остави прес-конференцијата пред мечот со Сампдорија на неговите помошници, а според италијанските медиуми не бил вклучен во денешните разговори со Жанг и не е јасно дали и од него ќе биде побарано да се откаже од платите.

Договорот на Конте завршува во јуни 2022 година, но тој и минатото лето беше блиску до заминување од Интер откако изрази незадоволство од засилувањата кои ги доби.

Жанг бара фудбалерите на Интер да се откажат од две месечни плати

Share
Scroll to Top