Дебито на Тотенхем во новата Конференциска Лига Европа на УЕФА не помина најдобро, откако тимот на Нуно Еспирито Санто мораше да се потруди да избегне пораз и да одигра 2:2 со францускиот Рен.
Стартот на „Роажон парк“ ветуваше – Лоик Баде уште во 11. минута си постигна автогол за водство на премиерлигашот, но Флавиен Тет во 23. минута израмни. Геатан Лаборд го комплетираше пресвртот во 72. минута, но Пјер-Емил Хојбјерг спаси поен а Тотенхем четири минути подоцна.
Славија Прага го направи најголемото изненадување на стартот на третото по ранг европско натпреварување, победувајќи го бундеслигашот Унион Берлин со 3:1, додека во другите мечеви разликата во квалитет меѓу тимовите беше поочигледна.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО
ГРУПА А
ХЈК Хелсинки – ЛАСК Линц 0:2
ГРУПА Б
Флора – Гент 0:1
ГРУПА Е
Славија Прага – Унион Берлин 3:1
ГРУПА Ф
Линколн – ПАОК 0:2
Слован Братислава – Копенхаген 1:3
ГРУПА Г
Мура – Витесе 0:2
Рен – Тотенхем 2:2
ГРУПА Х
Алмати – Омонија 0:0
Карабаг – Базел 0:0