Коронавирусот го елиминираше грчкиот тим во уметничко пливање

Коронавирусот го елиминираше грчкиот тим во уметничко пливање

пред 3 години

Грција се повлече од натпреварите во уметничко пливање. Четири репрезентативки биле позитивни на коронавирусот.

Една од грчките репрезентативки, во понеделникот, добила позитивен тест, а ден подоцна позитивни наоди пристигнале за уште три репрезентативки.

„Од првиот ден кога влеговме во Олимпиското село со никого немавме контакт. Дури ни со членовите на Олимпискиот комитет на Грција. И на крајот ни се случи ова. Жал ни е што мораме да се повлечеме…“, соопштиле од грчкиот тим.

Организаторите на ОИ, соопштија дека во вторникот имало 18 позитивни тестови на коронавирусот. Од 1.јули, вкупно 294 спортисти биле заразени со коронавирусот.

Share
Scroll to Top