Коронавирусот го одложи мечот Фјури-Вајлдер

Коронавирусот го одложи мечот Фјури-Вајлдер

пред 3 години

Борбата помеѓу Тајсон Фјури и Диоентеј Вајлдер, која требаше да се одржи на 24.јули е одложена, откако коронавирусот се појавил во тимот на британскиот боксер.

Фјури, актуелен шампион во верзијата ВБЦ, во Лас Вегас се подготвувал за борбата. Како што објави Би-би-си, тој со Вајлдер ќе се соочи во октомври.

„Дионтеј е разочаран, борбата мора да се одложи“, рекол менаџерот на Вајлдер, Шели Финкел.

Официјално соопштение се очекува во текот на денот.

Фјури го победи Вајлдер во 2020 година, во Лас Вегас. Претходно, овие двајца имаа одличен меч во Лос Анџелес, кој заврши нерешено.

Фјуру (32), во кариерата нема пораз, има само едно реми во 31 борба. Вајлдер (35) има скор 42-1-1.

Share
Scroll to Top