Коронавирусот и повредите го покосија Фенербахче

Коронавирусот и повредите го покосија Фенербахче

пред 3 години

ЦСКА и Фенербахче, вечерва во Москва, ќе ја започнат четврт-финалната серија во Евролигата. Апсолутен фаворит, во овој дуел, кој се игра на три победи е ЦСКА. Фенербахче, на првите два натпревари во Москва, ќе бидат без тренерот Игор Кокошков и шестмина кошаркари.

Коронавирусот, втор пат од почетокот на сезоната, направи хаос во кошаркарскиот клуб Фенербахче. Тренерот Кокошков и четворица кошаркари: Џарел Еди, Боби Диксон, Едгарас Улановас и Јагит Онан се заразени со вирусот Ковид-19, додека повредени се Јан Весели и Дишон Пјер.

Поради проблемите со коронавирусот, Фенербахче, последниот меч во Турција го одиграа на 11.април. Тогаш против Бурса, Фенербахче настапи со младинскиот тим. Седум дена подоцна турската лига го одложи нивниот дуел со Анадолу Ефес.

Share
Scroll to Top