Корона на АО: 500 тенисер(к)и и вработени ќе мора да одат во карантин

Корона на АО: 500 тенисер(к)и и вработени ќе мора да одат во карантин

пред 4 години

Околу 500 тенисери и вработени во организацијата на Австралија опен ќе завршат во изолација, откако еден вработен во хотелот, во кој се сместени тенисерите и тенисерките, бил позитивен на коронавирусот.

Ваквиот развој на настаните сигурни ќе влијае врз турнирот што се играат во Мелбурн, рекол премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјуз.

За австралиските медиуми, Ендрјуз, рекол дека новонастанатата ситуација нема да влијае врз одржувањето на Австралија опен.

Првиот Гренд слем во сезоната треба да започне во понеделник.

Share
Scroll to Top