Кошаркарската репрезентација на Македонија, ги доби противниците во претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година. Македонските кошаркари, пласман во квалификациите ќе треба да изборат во дуелите со Швајцарија и Словачка.
Натпреварите ќе се играат од 11. до 28.август. Македонија во овој циклус квалификации влегува со новиот селектор, Драган Бајиќ.
Македонија со Словачка и Швајцарија се сретна во претквалификациите и пред четири години.
Пласман во квалификациите ќе изборат две репрезентации.
Фото/kfsm.mk