Кошмарен старт на сезоната за шампионот на Франција – понижени се на свој терен

Кошмарен старт на сезоната за шампионот на Франција – понижени се на свој терен

пред 3 години

Катастрофален старт на сезоната има францускиот фудбалски шампион Лил. Откако во првото коло од Лига 1 ремизираа 3:3 кај Mец, денеска вистински потоп и тоа на свој терен – пораз од 4:0 од тимот на Ница.

Иако Лил имаше повеќе од играта во првиот дел, секоја нивна грешка фудбалерите на Ница знаеја како да ја казнат.

Уште во 1 минута од мечот Долберг ги донесе гостите во водство. Додека дојдоа на себе, домашните фудбалери веќе во 5. минута губеа со 2-0. Стрелец на погодокот Будау.

Во последните мигови од првиот дел Ница доби пенал, а Гури погоди за високи 0-3.

Во вториот дел гостинот од градот на Азуриот брег само ја доврши работата.

Долберг со својот втор гол во 63 минута стави точка на мечот.

По две кола, шампионот од земјата на „галските петли“ има само 1 бод со 3 дадени и дури 7 примени погодоци. За споредба во минатата сезона на 38 меча примија само 23 гола.

Share
Scroll to Top