Кој ќе пропушти ЛШ, Јуве, Милан или Наполи?

Кој ќе пропушти ЛШ, Јуве, Милан или Наполи?

пред 3 години

Јувентус, Наполи и Милан ќе бидат вклучени во супер-интересна битка за две места во Лигата на шампионите во последното коло од Серија А, откако „росонерите“ не успеаја да ја завршат работата против Каљари и одиграа 0:0.

Ремито значи дека „росонерите“ сега ќе мора да победат во последниот натпревар од сезоната на гости кај опасната Аталанта, ако сакаат да осигураат пласман без разлика на резултатите на противниците.

Милан се на 76 поени израмнети со Наполи и еден поен пред Јувентус. Наполи игра со Верона во недела дома, додека Јувентус гостува на „Ренато Дал’Ара“ кај Болоња  – и на двата клуба не им се потребни поени за опстанок. Јувентус, исто така во среда ги чека финале на Копа Италија против Аталанта.

Јувентус математички е во најнезавидна позиција – мораат да победат и да очекуваат еден од двата ривали да не го направи истото.

Ако Наполи и Милан загубат, а Јувентус одигра нерешено, трите клуба ќе завршат на 76 поени, по што ќе се формира „мини-лига“ во која ќе се гледаат нивните меѓусебни резултати. Во овој случај, Милан ќе биде сигурен бидејќи има подобар скор во дуелите со Јувентус и Наполи, додека тимот со подобра гол-разлика ќе го преземе последното место.

Share
Scroll to Top