Кратење на платите во Барселона во следните три години, заштедени 122 милиони евра

Кратење на платите во Барселона во следните три години, заштедени 122 милиони евра

пред 4 години

Барселона се согласија со своите фудбалери да ги намалат платите за 122 милиони евра во следните три години, објавија од каталонскиот гигант. И покрај ова, Барса ќе исплати 50 милиони евра годишно во истиот период.

Барса мораше да направи големи кратења во клубот, откако Ла лига им постави помала граница за платите поради слабите финансиски резултати поради кризата со КОВИД-19 и недостатокот на гледачи на стадионот. Овој резултат доаѓа по повеќенеделните преговори со тренерот Роналд Куман, како и примателите на највисоки плати, како Лионел Меси и Антоан Гризман.

„Денеска, дојдовме до договор со кој ќе се направи промена на платите за оваа сезона, за сума од 122 милиони евра, која се однесува за следните три сезони. Договорот ќе биде потврден од групата фудбалери  и тренери и доаѓа во важно време во сегашната економска ситуација“, велат од Барса.

Share
Scroll to Top