Крај за Ѓоковиќ, Зверев ќе се бори за трофејот во Торино

Крај за Ѓоковиќ, Зверев ќе се бори за трофејот во Торино

пред 3 години

Александар Зверев ќе се бори за титулата на Завршниот мастерс во Торино. Германецот за два часа и 29 минути игра, во полу-финалето, го победи светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ. Зверев во Торино, втор пат сезонава, а четврти пат во кариерата го победи Ѓоковиќ.

Зверев подобро играше во клучните поени и имаше подобар процент на освоени сервиси на вториот сервис. На крајот тоа го реши победникот.

Првиот сет го реши еден мини-брејк во 13.игра, откако Ѓоковиќ не реализираше сет топка во 10.гем и испушти 0:30 во 12.гем. Во вториот сет пресуди брејкот на Ѓоковиќ во седмиот гем.

Еден брејк беше доволен за освојување на третиот сет, его го направи Зверев во четвртиот гем. Ѓоковиќ имаше шанса и брејк топка во шестиот седмиот гем, но не успеа да се врати во мечот.

Зверев во финалето ќе игра против Данил Медведев, кој претходно го победи Каспер Руд. Овие двајца играа во групата на Завршниот мастерс, победата во тој меч му припадна на Медведев.

Share
Scroll to Top