Крвави сцени во Денвер, Ленард настрада од соиграчот Ибака

Крвави сцени во Денвер, Ленард настрада од соиграчот Ибака

пред 4 години

Денвер синоќа загуби дома од Клиперси, а ѕвездата на гостите – Каваи Ленард „пролеа крв“ на паркетот.
На шест ипол минути пред крајот на мечот Ленард по еден дуел против Никола Јокиќ остана крвав да лежи на паркетот.

Не настрада од Србинот, туку од својот соиграч Серж Ибака, се разбира случајно.

Мечот беше прекинат, а Ленард по пружената помош, отиде во соблекувалната. Неговиот тим ја доврши работата без него.

Еве како изгледаше целата ситуација:

Share
Scroll to Top