Крвта не е вода – синот на Ето со два гола во дебито за Камерун!

Крвта не е вода – синот на Ето со два гола во дебито за Камерун!

пред 3 години

Самуел Ето останува најдобар стрелец во историјата на камерунската фудбалска репрезентација со 56 гола во 118 настапи, а сега, очигледно, време е ова да го продолжи неговиот син, Етјен Ето Пињеда.

Ето Јуниор постигна два гола во првиот старт за Камерун, предводејќи ја У-20 репрезентацијата до 4:1 победа на Африканскиот куп на нации У-20 во Мавританија во саботата. Со трите победи, Камерун го освои првото место во групата и место во четврт-финалето.

18-годишниот Етјен Ето игра за У-19 тимот на Реал Овиедо во шпанската втора лига и против слабиот Мозамбик веднаш покажа што знае – во седмата минута во стил на Кристијано Роналдо постигна гол од слободен удар, за пред полувремето да зголеми на 2:0 со гол од пенал.

Share
Scroll to Top