Кристијано го израмни рекордот на Касилјас против Јанг бојс и веднаш постигна гол!

Кристијано го израмни рекордот на Касилјас против Јанг бојс и веднаш постигна гол!

пред 3 години

Кристијано Роналдо го израмни рекордот на Икер Касилјас за настапи во Лигата на шампионите, откако беше стартер на првиот меч од новата сезона за Манчестер јунајтед против Јанг бојс.

Роналдо го имаше својот прв настап во ЛШ за Манчестер јунајтед во 2009 година, и сега има идентични 177 натпревари во елитното европско натпреварување со легедата на Реал Мадрид.

Ова не е единствен рекорд за Роналдо во ЛШ – тој е најдобар стрелец со 135 гола, вклучувајќи ги 17-те гола во 2013/14, рекорд за една сезона. Португалецот исто така има најмногу голови во нокаут фазата, дури 67, а исто така е и единствениот фудбалер кој постигнал голови во три финалиња а ЛШ, единствен фудбалер кој постигнал голови во сите шест групни натпревари, и единствен фудбалер со голови во 11 последователни мечеви.

Дека неговото пристигнување го „препороди“ Јунајтед, веднаш стана јасно, откако во Базел му беа потребни само 13 минути да го постигне 135. гол во натпреварувањето.

Share
Scroll to Top