Кристијано Роналдо доби уште една индивидуална награда, откако во Дубаи му беше доделена наградата за играч на векот (иако се поминати само 20 години од 21. век), во организација на „Глоуб сокер наградите“.
Под највисоката зграда на светот, Бурж Халифа, Роналдо доби најмногу гласови во гласањето победувајќи ги Лионел Меси и Мохамед Салах како најдобар фудбалер овој век. Роберт Левандовски ја доби наградата за најдобар играч, неговиот тренер од Баерн Минхен, Ханси Флик беше прогласен за најдобар тренер.
Реал Мадрид, пак, беа прогласени за клуб на векот со пет титули од ЛШ, седум шпански титули и две титули од Копа дел реј од 2001, додека Пеп Гвардиола беше прогласен за тренер на векот.
„Да се биде тука со големи шампиони како Роберт Левандовски, Жерард Пике и Икер Касилјас е неверојатно. Икер е огромен пример за сите нас. Кога го имаше здравствениот проблем, не натера да се замислиме што е најважно за нас. Имам 36 години, но уште го сакам фудбалот, животот и семејството. Оваа награда ќе ми даде голема мотивација. Се надевам дека пандемијата ќе заврши следната сезона и ќе имаме повеќе фанови со нас“, изјави Роналдо.
Касилјас и Пике добија посебни награди за нивната кариера, додека Баерн Минхен беше прогласен за клуб на годината. Египетскиот клуб Ал Ахли, кој освои 13 египетски титули и 7 Африкански ЛШ е прогласен за најдобар клуб на Блискиот Исток во 21. век. Агентот на Роналдо, Жорге Мендеш ја доби наградата за агент на векот, а посебни награди добија две легенди кои веќе не се со нас – Диего Марадона и Паоло Роси.
? Congratulations to ?? CRISTIANO RONALDO on winning the Globe Soccer Award for the PLAYER OF THE CENTURY 2001-2020 ?#CristianoRonaldo #CR7 #Bvlgari #GlobeSoccer pic.twitter.com/Y8Bg2ZfapO
— Globe Soccer Awards (@Globe_Soccer) December 27, 2020
Highlights of the 2020 Special Edition of the Globe Soccer Awards in Dubai. What’s your favourite moment of this magical evening? ?????#GlobeSoccer @DubaiSC pic.twitter.com/pdMk2ya232
— Globe Soccer Awards (@Globe_Soccer) December 27, 2020