Крис Пол 16 години чекаше финале, а сега „се распаѓа“

Крис Пол 16 години чекаше финале, а сега „се распаѓа“

пред 3 години

НБА финалето е во тек, 2:2 во победи е откако Феникс ги доби првите две средби.

Една од главните причини за двата порази во низа на „сонцата“ е слабата игра на најдобриот и најискусниот играч – Крис Пол.

Тој од меч во меч постигнува се помалку поени, а дополнително загрижува и бројот на загубени топки

На првиот меч постигна 32 поени, на вториот 23, па 19 на третиот и само 10 на четвртиот.

На последниот меч имаше најмалку асистенции и слаб шут, но и дури 5 загубени топки. На последните 3 средби има дури 15 загубени топки

Share
Scroll to Top