Лотар Матеус, светски првак со Германија во 1990 година и еден од најдобрите фудбалери во својата генерација, повторно го критикуваше сонародникот од Реал Мадрид, Тони Крос.
Германија на Европското првенство испадна во осмина-финалето од Англија. Тогаш, Матеус рече дека Крос повеќе нема квалитет за да игра за репрезентацијата.
„Крос мисли дека е подобар играч од она што јас мислам. Немам ништо против него, му честитам за сите достигнувања во Реал и репрезентацијата, капата долу за целата негова кариера. Одличен, интелигентен играч, но неговите настапи на ЕП беа разочарувачки. Не презеде никаква одговорност“, изјави пред две недели Матеус.
И по две недели, Матеус не го сменил мислењето.
„Тој повеќе не е добра за националниот тим, не ми се допаѓа неговата игра“, рекол Матеус и дополнил.
„И Тимо Вернер, Кевон Фоланд и Бернд Лено нема што да бараат повеќе во репрезентацијата“.