Германија ја совлада репрезентацијата на Шкотска со 5:1 во првиот натпревар на Европското првенство што се одигра во петокот на стадионот на Баерн во Минхен.
Тони Крос (34), кому ова ЕП му е последен турнир во кариера, одигра натпревар за аналите и историјата на европските фудбалски првенства.
Легендарниот Германец имаше 102 додавања за 80 минути што ги мина на теренот против Шкотска, а 101 од нив беа точни. Имаше само едно погрешно додавање.
Прецизните статистичари пресметаа дека оваа прецизност на додавање од 99 проценти на Крос е највисок процент на играч кој одиграл 100 или повеќе додавања на Европските првенства од 1980 година. Исто така, против Шкотите, Крос имаше дури четири клучни додавања.