Ѕвездата на Реал Мадрид, Тони Крос вели дека германскиот селектор Јоаким Лев треба да го избере најдобриот тим за Европското првенство ова лето, посочувајќи дека Џером Боатенг, Томас Милер и Матс Хумелс треба да бидат во дресот на „маншафт“.
Лев во март 2019 година објави дека триото ветерани веќе нема да биде повикувано во репрезентација во обид да ги промовира новите ѕвезди на германскиот фудбал по разочарувачкиот настап на СП во Русија во 2018, кога не ги минаа натпреварите по групи. Меѓутоа, бидејќи формата не се поправи, Крос како и многу во Германија смета дека треба да се изберат најдобрите.
„Прво, јас сум играч на репрезентацијата, второ, фала Богу, не мора да ја правам таа одлука, и трето, играв со нив многу години. Проблемот е во тоа што е потребно планирање. Сега се прашувам дали планот на селекторот се одвива како што тој посакуваше. Јасно беше дека по СП треба да се направат промени, но сега пред новиот шампионат потребен ни е најдобриот тим кој го имаме“, вели Крос.