Кукавички потег на Меси, без топка удри противнички играч

Кукавички потег на Меси, без топка удри противнички играч

пред 4 години

Лионел Меси, синоќа, го доби првиот црвен картон во дресот на Барселона. Каталонците, беа поразени синоќа, во Суперкупот на Шпанија, од Атлетик Билбао (2:3), а Аргентинецот беше исклучен во 120 минута.

Меси, без топка, го нокаутираше напаѓачот на Атлетик, Асиер Виљалибре.

Судијата Хесус Хил Манзано, откако ја погледна снимката, го исклучи најдобриот фудбалер на Барселона.

За меси ова е трет црвен картон во кариерата, претходно два пати, во 2005 и 2019 година бил исклучен во дресот на Аргентина.

Меси се соочува со жестока казна. Ваков прекршок, според правилникот на Ла Лига се казнува со суспензија од четири до 12 натпревари.

 

Share
Scroll to Top