Култхард: Ферстапен делува страшно, само Господ може да го спаси Хамилтон!

Култхард: Ферстапен делува страшно, само Господ може да го спаси Хамилтон!

пред 3 години

Поранешниот Формула 1 возач, Дејвид Култхард не верува дека неговиот сонародник Луис Хамилтон сезонава ќе ја одбрани шампионската титула. Култхард смета дека Мајк Ферстапен сезона е повеќе од сериозен конкурент за да стигне до титулата.

Ред Бул сезонава покажа голема брзина, а 23-годишниот Холанѓанец со победата на Имола дојде на само бод заостанување зад Хамилтон.

„Ред Бул и Ферстапен се подготвени. Таа екипа со години има изразено брз болид, иако е млад Ферстапен делува страшно, веќе е подготвен сезонава да биде светски шампион. Ужива во притисокот, одлично се носи со него и секогаш наоѓа дополнителна енергија кога ќе се најде во безизлез. Единственото што може да го спречи, а Хамилтон да го спаси е Господ кој може да се вмеша со некои технички потешкотии или несреќа“ смета Култхард.

Сезоната во Ф1 продолжува наредниов викенд, во Португалија, а една недела подоцна се вози трката за Големата награда на Шпанија, во Барселона.

Share
Scroll to Top