Кулушевски вети подобри времиња за Јуве

Кулушевски вети подобри времиња за Јуве

пред 3 години

Дејан Кулушевски признава дека првата сезона во дресот на Јувентус била „фрустрирачка“, но додава дека бил горд што е дел од славниот италијански клуб и вети дека ќе продолжат да се борат за подобра иднина.

Швеѓанецот, кој пристигна од Аталанта минатото лето, одигра 47 натпревари во кои постигна 7 гола и 7 асистенции, но многумина сметаат дека требаше да направи многу повеќе по фантастичните две сезони со Парма како позајмен фудбалер.

„Крај на тешката долга сезона. Беше фрустрирачки а нас и нашите фанови и го знаеме тоа. Имавме огромни очекувања, но понекогаш тие не се остваруваат. Оваа сезона може да се искаже со една фраза: ‘Крајната мерка на еден човек не е таму каде што му е удобно, туку каде што има предизвици и контроверзи’. Лесно е да се смееш кога работите одат најдобро, но како ќе реагираш кога ќе ти е тешко? Ние не се откажуваме, можеби грешиме, но не се откажуваме. Никогаш“, вели Кулушевски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dejan Kulusevski (@dejan.k10)

Share
Scroll to Top