Куман: Благодарение на мојата работа Барса има светла иднина

Куман: Благодарение на мојата работа Барса има светла иднина

пред 3 години

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, верува дека сезоната, неговиот тим може да ја освои титулата во Ла Лига. Барселона, минатата сезона ја заврши на третото место, а само поради лошата финансиска ситуација, остана на клупата. Барселона немаше пари да ангажира друг тренер.

Куман, во интервју за холандскиот портал „NOS“, рекол дека благодарение на неговата работа клубот има светла иднина.

„Не е само Педри, Барселона има четири или пет играчи на возраст од 18 и 19 години, кои за три или четири сезони ќе бидат брилијантни фудбалери. Поради мене Браселона има светла иднина“, рекол Куман, а потоа рекол дека не е задоволен од медиумските настапи на претседателот Џоан Лапорта. Впечатокот е дека Лапорта не е импресиониран од Куман.

„Јас секогаш сум отворен за разговор. Добро се чувствувам во клубот“.

Куман, во интервјуто, потенцирал дека на Барселона ќе и требаат две години финансиски да закрепне, а потоа повторно ќе може финансиски да се натпреварува со клубови какви што се Манчестер сити или Челси.

Share
Scroll to Top