Куман: Борбата за титулата ќе трае до последното коло

Куман: Борбата за титулата ќе трае до последното коло

пред 3 години

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, верува дека борбата за шампионската титула во Ла Лига ќе трае до последното коло. Барселона, о моментов се трети на табелата, со натпревар помалку имаат седум поени помалку од Атлетико и бод помалку од Реал.

„Сезоната е долга. Она што го правеа Атлетико во првиот дел од сезоната не беше нормално. Ние во меѓувреме многу напредувавме. Верувам дека борбата за титулата ќе трае до последното коло, ќе биде тешко и за нас и за Атлетико, односно Реал. Одиме чекор по чекор“, рекол Куман.

На прашањето дали неговиот тим во овој момент е во подобра форма од конкурентите, тој рекол.

„Делува дека тоа е така, но имам и доволно искуство за да знам дека е тешко да се издржи ваков ритам. Повторувам мораме да одиме чекор по чекор. Денес е сончево, но утре може да заврне. Мораме да бидеме фокусирани“.

Share
Scroll to Top