Роналд Куман, на сите можно начини се обидува да си задржи работата во Барселона. Холанѓанецот е под постојан притисок од јавноста, по дебаклот од Баерн во Лигата на шампионите (0:3) и нерешениот резултат со Гранада (1:1) во Примера.
Дуелот со Кадиз, во четврток, наводно ќе биде последен за Куман како тренер на Барселона. Во изјава за холандските медиуми, тој имал интересна забележа која се однесува на Лионел Меси.
„Меси ги засени сите во Барселона. Со квалитетот и ефикасноста ги прикриваше сите проблеми во клубот. Беше толку добар, победуваше. Секако дека околу него имаше добри играчи, но главната улога а имаше тој. Со него сите изгледаат подобри“, рекол Куман.